Русија и САД официјално објавија крај на важноста на Договорот за ракети од мал и среден дострел
Објавено на од во Политика

Руското МНР објави крај на важноста на Договорот за ракети со мал и срееден дострел „по иницијативата на САД“.

ракети„На 2 август 2019 година по американска иницијатива истекува валидноста на Договорот за уништување ракети од мал и среден дострел потпишан на 8 септември 1987 година во Вашингтон“, се вели во соопштение од руското МНР.

И САД соопштија дека од денеска формално не важи тој Договор со Русија. Тоа се нагласува во соопштение од државниот секретар Мајк Помпео. Во него се обвинува Русија за прекршувње на пактот договорен по Студената војна.

„Американското повлекување…од Договорот стапува на сила од денеска“, изјави Помпео за време на посета на Бангкок каде е на регионален самит. – Русија е единствено одговорна за пропаѓањето на Договорот, се додава во неговата изјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×