Русија и Турција ги стоплија и економските односи
Објавено на од во Бизнис и политика

PUTIN-ERDOGAN WEBПутин и Ердоган го потпишаа договорот за „Турски тек“

Ќе бидат изградени два цевководи по дното на Црното Море – секој од нив со годишен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Едниот цевковод ќе доставува гас за турскиот пазар, а другиот за Европа, но, како што рече Алексеј Милер, „овој гас што ќе минува по Турски тек нема да биде конкуренција на рускиот гас што ќе оди во Европа со проектот Северен тек 2“

Турција и Русија во понеделникот потпишаа договор за изградба на гасоводот „Турски тек“. Низ него ќе се пренесува руски гас до Турција и до Европа, и ќе биде изграден по дното на Црното Море, до крајот на 2019 година. Како дел од договорот Турција ќе добие попуст на цената на гасот, но уште е нејасно колкав (попуст). Проектот вреди 11,4 милијарди евра, а вкупниот капацитет на двата договорени цевководи ќе биде околу 32 милијарди кубни метри годишно. Освен гасоводот, на средбата во Истанбул рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја разгледувале и неопходноста од хуманитарна помош за Алепо. Москва ќе ги отстрани, исто така, ограничувањата во однос на увозот на овошје од Турција.

„Турски тек“ ќе има

Договорот за „Турски тек“ беше потпишан во Истанбул од рускиот министер за енергетика Александар Новак, и од неговиот турски колега Берат Албајрак, во присуство на Путин и на Ердоган. Ќе бидат изградени два цевководи по дното на Црното Море, а според информациите од руски „Комерсант“, секој од нив ќе има годишен капацитет од 15,75 милијарди кубни метри.

Едниот цевковод ќе доставува гас за турскиот пазар, а другиот за Европа (најверојатно преку Грција и Италија).

Морските делови и на двата цевководи целосно ќе бидат во сопственост на „Газпром“. Копнениот дел на првиот цевковод треба да биде на турската компанија Botas, a на вториот сопственоста ќе ја делат Botas и „Газпром“.

Должината на морскиот дел е 910 километри, а копнениот дел од цевководот на турска територија е 180 километри. Точните параметри на вториот цевковод не се утврдени и ги нема во потпишаниот документ. Судбината на овој цевковод не е многу сигурна, зашто зависи и од регулативата на Европската унија.

Преговори за трет и четврт цевковод не се водат, прецизираше рускиот министер за енергетика Александар Новак. Во секој случј, „овој гас што ќе минува по „Турски тек“, нема да биде конкуренција на нашиот, руски гас, што ќе оди во Европа со проектот „Северен тек 2“, појасни, пак, извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

Изградбата на „Турски тек“ ќе почне во 2018 година и треба да заврши до 30 декември 2019 година.

„Обрнувам внимание дека на овој начин се движиме кон реализирање на плановите на претседателот на Турција за создавање во државата на голем енергетски терминал“, изјави Путин.

Како што кажавме, руската страна се сложила да направи отстапка во однос на цената на гасот за Турција, но засега не се знае за колкав попуст ќе се работи.

И во 2015 година имаше преговори за ваква отстапка, но тогаш Анкара и Москва не стигнаа до согласност. Руските медиуми соопштуваат дека турската Botas сака 10,25% намалување на цената.

Ќе му дојде ли крај на транзитот на гас преку Бугарија?

Според “Комерсант“ со “Турски тек“ “Газпром“ ќе го прекине целосно транзитот на гас (околу 15 милијарди кубни метри годишно) за Турција преку Трансбалканскиот гасовод, кој што минува низ Украина, Романија и Бугарија. Турција е вториот најголем потрошувач на рускиот гас после Германија, која што годишно увезува околу 30 милијарди кубни метри гас преку два гасоводи. Ако се види извештајот на бугарскиот оператор за пренос на гас, “Булгартрансгаз“ за 2015 година, Бугарија ќе загуби нешто над 200 милиони лева (100 милиони евра) од транзитни такси, во случај “Газпром“ да престане да го транзитира гасот низ Бугарија. Освен тоа, изградбата на “Турски тек“ ја прави уште помалку веројатна идејата за изградба на терминал во Бугарија, барем таа варијанта, во која Русија за сопствена сметка би доставувала гас до Варна, кого што потоа Бугарија би го препродавала. Наместо ова, Турција ќе се претвори во енергетски терминал, особено откако Путин и Ердоган се договорија и за забрзување на проектот за изградба од страна на Русите на атомска централа во Турција.

Атомската централа “Акују“ ќе се гради од руската компанија “Росатом“, но веројатно во проектот ќе се вклучат и турски инвеститори со максимум до 49% од вредноста на проектот. Централата ќе се гради блиску до пристаништето Мерсин, во јужниот дел на Турција. Проектот предвидува изградба на четири блокови со вкупна моќност од 4.800 мегавати. Турција предложи до 2023 најдоцна да почне со работа првиот блок од централата. Анкара инаку, планира изградба на уште две атомски електрични централи – во црноморските градови Синоп и Инеада.

Обновување на трговијата помеѓу Русија и Турција

На крајот од средбата рускиот претседател Путин изјави дека Русија исто така ќе го обнови увозот на одредени видови храна од Турција, за кој што беше ставена забрана откако Турците го срушија рускиот авион. Тоа ќе се однесува на јужното овошје, зеленчукот и јаткастите плодови. Минатата година продажбата на овие видови храна во Русија биле околу 500 милиони долари.

Освен тоа, Путин и Ердоган разговараа и за војната во Сирија. На прес-конференцијата Ердоган изјави дека спомната била можност за соработка при расчистување на границата од силите на “Исламската држава“, како и неопходноста од хуманитарна помош во Алепо. Путин повика политичкото решавање на воениот конфликт во Сирија да се случи што побрзо.


Што се знае за „Турски тек“ досега:
  •  11,4 милијарди евра е вредноста на проектот
  • 32 милијарди кубни метри гас ќе биде годишниот капацитет
  • Ќе има 2 цевководи – еден за Турција, еден за Европа
  •  Должината на морскиот дел на цевководите е 910 километри, а на копнениот на турска територија 180 километри
  • „Газпром“ е сопственик на вкупниот морски дел и над 50% од копнениот дел на цевководот за Европа
  • Турски Botas ќе биде сопственик на целиот копнен дел од цевководот за Турција
  • Изградбата на „Турски тек“ ќе почне во 2018 година, и треба да заврши до 30 декември 2010 година

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×