Русија и Турција со заеднички инвестициски фонд од 900 милиони евра
Објавено на од во Економија
Русија и Турција ќе формираат заеднички инвестициски фонд вреден 900 милиони евра, изјави шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
turk ru invest fund„Денеска ќе објавиме дека конечно го формиравме руско-турскиот инвестициски фонд. Долго време работевме на тоа, имаше многу дискусии, а сега само конечно го оформивме“, рече Дмитриев.
Според него, станува збор за фонд кој ќе биде исклучително важен за ревитализацијата на руско-турските инвестиции.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган од денеска престојува во официјална посета на Русија.
Како што најави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин ќе разговараат за состојбата во Сирија во контекст на американските планови делумно да ги повлечат своите трупи од земјата, како и за испораката на рускиот ракетен одбранбен систем С-400 на Турција, темпото за изградба на рускиот гасовод и нуклеарната централа Акуј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×