Русија ја предупреди Македонија за негативните последици од приклучувањето во НАТО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Русија ја предупреди Македонија дека нејзиното приклучување во НАТО ќе има негативни последици за земјата, за регионалната безбедност и за билатералните односи меѓу двете држави.

Ова на македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов, му го посочил рускиот заменик министер за надворешни работи, Александар Грушко, на денешната средба во руското МНР, пренесува МИА.

„На средбата беа разменети мислења за ситуацијата на Балканот. Од руска страна беа подвлечени негативните последици за регионалната безбедност и билатералните односи од плановите за присоединување на Македонија во НАТО“, пишува во соопштението на МНР на Русија.

Грушко и Карајанов ја потврдиле и подготвеноста за продолжување на соработката меѓу двете земји во взаемен интерес. Нагласено било и големото значење за обновување на активностите на меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, се наведува во соопштението на руското МНР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×