Русија ќе отвора телевизија на Балканот! Директор ќе биде Кустурица?!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во борбата за медиумска присутност на Балканот, Русија ќе основа регионална телевизија во која ќе вложи 11 милиони евра, а директор на истата, најверојатно ќе биде Емир Кустура, пишува српски Курир, пренесува Бизлајф.

Русија почнува„војна“ за превласт и влијание на Балканот, а првиот чекор кон тоа ќе биде отворањето на телевизија која ќе го покрива целиот регион, ексклузивно дознава српски Курир. Станува збор за инвестиција вредна дури 11 милиони евра, а најсериозен кандидат за генерален директор на оваа телевизија ќе биде српскиот режисер Емир Кустурица.

Извори за Курир велат дека програмата на оваа руска телевизија ќе се емитува во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Замислено е телевизијата да биде од регионален карактер, нешто како Russia Today, и да биде пандан на мултиплатформата N1 , која е партнер на американската CNN.

Програмата како што пишува овој медиум ќе се заснова на информативна и културно – образовна содржина, а планирано е отворање и на голем број работни места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×