Русија, Кина, Иран и Венецуела развиваат заедничка криптовалута
Објавено на од во Економија

Американските геополитички опоненти – Русија, Кина, Иран и Венецуела развиваат заедничка криптовалута за да манипулираат со финансиската контрола на САД, покажува новиот извештај на американската фондација за демократија (ФДД).

гццКако што се наведува, американските опоненти применуваат блокада за да избегнуваат санкции и да се спротивстават на финансиската моќ на САД, пренесува РТ.

Според ФДД, со зголемување на регулацијата на криптовалутите ширум светот, во тек се напори за изградба на нови системи за трансакции кои се надвор од конвенционалната банкарска инфраструктура.

Владите во Русија, Кина, Иран и во Венецуела експериментираат со технологија која го поддржува криптовалутниот пазар, се наведува во извештајот. Тие даваат приоритет на блокчејн технологијата како “клучна компонента на нивните напори да се спротивстават на финансиската моќ на САД”.

“Русија, Иран и Венецуела започнаа со експерименти во блокчејн технологијата која нивните лидери сакаат да ја изработат како инструменти за ублажување на финансиската моќ на САД и зголемување на отпорноста на санкциите. Кина е исто така внимателна поради финансиската моќ на САД и постојаната закана од санкции против кинеските официјални претставници и кинескиот извоз, се наведува во студијата.

Напорите на четирите нации се диверзифицираат само од намалувањето на влијанието на санкциите, се наведува во извештајот кој вели дека тие “се обидуваат да ја намалат моќта на еднострани и мултилатерални санкции со развојот на алтернативните платни системи за глобална трговија”.

“Технологијата создаде потенцијален пат кон алтернативни системи за пренос на финансиските вредности надвор од контролата на САД. Тие го замислуваат светот во кој нивните криптовалутни технологии им помагаат да ја засенат американската финансиска моќ, многу порадикално од начинот на кој американскиот долар ја замена британската фунта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×