Русија под закана за техничка рецесија до крајот на 2019
Објавено на од во Економија
Техничка рецесија во Русија е можна годинава заради фискалната и монетарната политика на владата, велат од Институтот Столипин за економскиот раст, пренесува „Известија“.
kremlj1„Со оглед на тековната економска политика и слабото влијание на националните проекти, техничката рецесија може да се случи во 2019 година наместо во 2021 година, како што предвидува Министерството за економски развој“, се вели во извештајот. Претседател на Надзорниот одбор на Столипин е Борис Титов – деловен правобранител и советник на Претседателот за економски прашања.
Според руската статистика, бруто домашниот производ на земјата порасна за 0,5% во однос на првото тримесечје. Податоците за второто тримесечје и првото полугодие сè уште се недостапни, иако Министерството за економски развој предвидува раст од 0,7% во првите шест месеци од 2019 година во однос на истиот период лани.
Експертите од Институтот Столипин велат дека растот е голем само кај големите корпорации и јавниот сектор, додека извештајот за мали и средни претпријатија опаѓа.
Во првата половина на 2019 година, бројот на вработени во МСП се намали за 1,9% на годишно ниво. Вкупниот број на мали и средни претпријатија се намалува до 8%.
Многу економисти ја намалија својата прогноза за рускиот економски раст од јуни 2019 година. Централната банка ја намали прогнозата до 1% -1,5% од 1,2% -1,7%. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка исто така ги намалија своите предвидувања на 1,2%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×