Русија: Преименувањето на македонската држава да го разгледа Советот за безбедност на Обединетите Нации
Објавено на од во Uncategorized

Ставот на Москва е дека прашањето околу промената на името на Македонија треба да се разгледува во Советот за безбедност на Обединетите нации.

rusko mnr

Според руските власти, решението за проблемот треба да дојде без странски притисоци, како во Македонија така и во Грција, се наведува во соопштение на министерството за надворешни работи на Русија.

„Ставот на Русија околу проблемот околу името на македонската држава останува непроменето: одржливото решение мора да се најде без надворешен притисок, надворешно наметнување рокови и услови и врз основа на широка јавна поддршка и во Македонија и во Грција. Исклучително во правни рамки. Оценуваме дека ова прашање би требало да го разгледа Советот за безбедност на ОН, согласно членот 3 на Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на Обединетите Нации“, се наведува во соопштението од министерството за надворешни работи на Руската федерација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×