Русија во целост ја прекина соработката со НАТО
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Русија и НАТО во целост ја прекинаа цивилната и воената соработка.
ru natoТој додаде дека Алијансата отишла премногу далеку во ескалацијата на судирот со Русија.
НАТО сам одби конструктивен разговор со Русија. Тој не постои. Засега нема сигнал дека НАТО гледа излез од овој ќор-сокак, посочи Грушко.
Тој наведе дека е парадоксално што денес односот помеѓу Русија и НАТО најмногу потсетува на времето во кое е формирана Северноатлантската алијанса, во пресрет на Студената војна.
„Повторно падна прашина на Армеловата доктрина: дијалог и воздржување. Само во таа формула има многу воздржување и малку дијалог“, наведе Грушко.
Тој посочи дека вкупните воени расходи на земјите членки на НАТО за минатата година надминаа еден билион долари, што е за 22 пати повеќе од руските трошоци за одбрана.
Москва нема намера да учествува во трката за зголемување на воениот буџет со НАТО, истакна рускиот заменик министер.
Армеловата доктрина е од 1967 година и предвидуваше јака одбрана и добри дипломатски односи со земјите од Варшавскиот пакт. Таа помогна за намалување на тензиите помеѓу Истокот и Западот на почетокот на 70-тите години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×