Русија забрани извоз на нафта во Украина
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Русија забрани извоз на нафта и нафтени деривати во Украина, како и увоз на одредени украински стоки, соопшти денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.
OleoductoОдносите меѓу поранешните советски соседи се на најниско ниво, откако Русија го анектира Крим во 2014 година, во знак на одмазда за официјален Киев кој го собори претседателот кој имаше поддршка од Кремљ, потсетува ДПА.
Според Медведев, новите санкции, кои вклучуваат забрани за увоз на одредени метали, стоки за широка потрошувачка и опрема од Украина, се контра-мерки за украинските санкции против Русија.
„Ние сме принудени да ги заштитиме нашите интереси и да возвратиме, рече Медведев на состанокот на кабинетот на министри“, објавија руските државни медиуми.
Вредноста на украинските стоки, чиј увоз сега е забранет, минатата година изнесувала околу 250 милиони долари, информира Медведев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×