Русите имаат сателитски снимки со цистерни кои од ИД влегуваат во Турција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Функционери од руското Министерство за одбрана тврдат дека имаат докази оти Турција е главен купувач на нафта од Исламската држава, и дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство се вмешани во овој бизнис. На денешниот брифинг во Москва Русите покажале снимка со колона цистерни за кои тврдат дека се полнат со нафта на територија што ја контролира ИД во Сирија и во Ирак, а потоа ја преминуваат границата кон соседна Турција.

„Турција е главен потрошувач на нафтата украдена од легитимните власти во Сирија и во Ирак“, изјави заменикот министер за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов.

„Според доказите што ги имаме, раководството на земјата, вклучително и претседателот Ердоган и неговото семејство, се вклучени во овој злосторнички бизнис“, рекол Антонов, но за овие обвинувања не понудил докази.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×