Руска борба против кризата. Од следниот месец се намалува цената на водката
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на членовите на владата да го зауздаат растот на цената на вотката, државната агенција задолжена за регулација на пазарот на алклохол многу брзо ги послуша претседателските насоки.

Објавено е дека од почетокот на февруари цените на водката, омилениот алклохолен пијалок на повеќето Руси, ќе се намалат за над 16%.

Оваа одлука западните медиуми ја поврзуваат со ефектите кои ги имаат санкциите против Русија. Имено, во изминатите неколку години Русија го зголеми данокот на алкохол, забрани негово рекламирање и воведе строга регулација со цел да ги обесхрабри граѓаните во претераното консумирање на алкохолни пијалоци.
Владимир Путин, кој инаку е познат по здравиот начин на живот, образложи дека високата цена на водката мора да се намали бидејќи го поттикнува илегалното производство на алкохол, кое е поопасно по здравјето на луѓето.

Цената на руската водка од минатата година е зголемена за околу 30%.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×