Рускиот претседател Путин преку офшор фирми сокривал богатство тешко неколку милијарди долари ?!
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Голема количина документи, кои странските медиуми ги нарекуваат Панама документи (Panama papers), исплива како доказ за неверојатното богатство кое го поседуваат луѓе од најблискиот круг околу рускиот претседател Владимир Путин.

Информациите кои протекоа покажуаат дека овие сокриени пари ги направиле Путиновите луѓе многу богати. Иако името на рускиот претседател не се наоѓа на ниту еден документ, тие го откриваат следниот образец: неговите пријатели заработиле милиони од работи кои изгледа не можеле да поминат без покровителство и одобрение од Путин.

Документите кои “Gardian” ги имал на увид укажуваат на тоа дека семејството на Путин имало голема корист од овие офшор пари, исто како и неговите блиски пријатели. Тие документи претставуваат само еден дел од скриените документи на адвокатската фирма “Mossack Fonseca”, која важи за четврта најголема адвокатска офшор компанија во светот.

Putin PanamaКако што наведува “Gardian”, офшор трагите на парите на Путин тргнува од Панама, проаѓа кон Русија, Швајцарија и Кипар.

Докумантите од Панама посебно се поврзани со најдобриот пријател на Путин, Сергеј Ролдугин, кој рускиот претседател го запознал со неговата сопруга Људмила и кој е кум на нивната најстара ќерка Марија. Ролдугин, кој по професија е музичар, заработил вистинско богатство, така што бил “привидно” главен во многу трансакции кои изнеsувале најмалку 100 милиони долари.

Се смета дека Ролдугин е одбран за улога на главен посредник заради тоа што нема сомнителен профил, а во документите поврзани со банки во Швајцарија и Луксембург негирал било каква поврзаност со јавни личности во Русија. Исто така, Ролдугин изјавил дека не е бизнисмен.

Сепак, британскиот весник дознава дека долгогоди[ниот пријател на Путин има 12,5% удел во најголемата телевизиска маркетинг агенција во Русија “Video International”, која годишно заработува повеќе од милијарда долари. Ролдугин исто така има 15% удел во компанијата Raytar, регистрирана на Кипар и 3,2% удел во руската банка “Bank Rossiya”.
“Gardian” понатаму наведува дека сопственик на таа приватна банка е Јури Ковалчук, кој важи за приватен банкар на руските државни службеници, вклучувајќи го и Путин. Документите од Панама откриваат дека Ковалчук и “Bank Rossiya” направиле трансфер од најмалку милијарда долари преку оф шор компанијата “Sandalwood Continental”.
Тие пари стигале како дел од огромни непроверени кредити од Руската комерцијална банка, која е под контрола на државата, исто така сместена на Кипар, но и од многу други банки. Во документите не постои образложение зошто тие банки дозволиле и одобриле толку високи кредити на оваа фирма.

Еден од поголемите трошоци на офшор компанијата “Sandalwood Continental” е купување на јахта вредна шест милиони долари, која е усидрена во пристаништето во близина на Сант Петерсбург, наведува “Gardian”.

Исто така, парите кои се превземени од офшор трансфери оделе директно во рацете на соработиците и пријателите на Путин во вид на кредити со каматна стапка од 1%. Не е познато дали овие кредити некогаш се враќани.

“Богатството на Путин е немерливо”

Пред повеќе од пет години во 2010 година и 2011 година компанијата “Sandalwood Continental” подигнала три кредити во вредност од 11,3 милиони долари во корист на офшор компанијата  “Ozon”, која ја поседуваат сопствениците на ски центарот “Igor” во близина на околината на Ленинград. Општо е познато дека Путин е покровител и стален гостин на овој ски центар.

“Gardian” дознава дека 18 месеци пред сомнителниот трансфер на пари во кој е вмешан и ски центарот “Igor”, Путин на ова место го организирал венчавањето на својата черка Катарина.

Британскиот весник наведува дека основањето и користењето на офшор фирми не е нелегално, но дека трансферите на пари, кои вклучуваат и лажни договори помеѓу сомнителни комании и подигање на огромни кредити на кои им се губи секоја трага, и тоа како е нелегално.

“Tоа не е бзинис, тоа е создавање на привид дека се врши некој бизнис , со цел постојано движење и сокривање на парите”, смета Ендрју Мичел, главен инспектор во областа на перење на пари.

Портпаролот на Путин Дмитри Песков ги отфрли обвинувањата како дел од координирана завера против Русија која има за цел да го дискредитира Путин пред претстојните парламентарни избори.
Тој една недела пред да се објават документите  објави дека западните разузнавачки служби стојат зад претсојната бура насочена против Путин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×