Рускиот суд пушти меѓународна потерница за Ходорковски
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Рускиот суд наредил Михаил Ходорковски да биде уапсен, пренесе Reuters, цитирајќи го портпаролот на Истражниот комитет на Руската федерација, Владимир Маркин.

Пуштена е меѓународна потерница за поранешниот прв човек на нафтената компанија Јукос, кој сега живее во Швајцарија. На почетокот на месецов Ходорковски беше обвинет за убиство на градоначалникот на градот Нефтејуганск, Владимир Петухов. Последниов беше застрелан во 1998 година, токму на роденденот на Ходорковски, откако претходно беше во конфликт со него, поради тврдењето дека Јукос има неплатени локални даноци. Како организатори на убиството беа осудени поранешниот шеф за службата за безбедност на Јукос, Алексеј Пичугин, и поранешниот косопственик на Јукос, Леонид Невзлин, кој сега живее во Израел.

Случајот беше обновен на 30 јуни годинава, поради индиции дека убиството може да било порачано од Ходорковски. Последниов одлежа 10 години затвор по обвиненија дека затајувал данок, а во 2013 година беше амнестиран од рускиот претседател Владимир Путин. Ходорковски денес е еден од најпопуларните критичари на системот на владеење на Путин. Вчера, по налог на руските истражители, полиција изврши претрес во домови на соработници на Ходорковски од неговото движење „Отворена Русија“, создадено за да ги обедини проевропските сили во државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×