Рускиот Yandex.Drive го решава метежот во Москва
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Заедничкото возење е претчекор на автономните такси возила. 

news_25116_n

Yandex.Drive e сервисна платформа за заедничко возење во автомобили основана во 2018 година од локална интернет компанија Yandex. Во февруари тие претставиле 7.000 автомобили на московските улици по цена на изнајмување од просечен 1 цент по минута (зависно од моделите), вклучувајќи гориво, одржување и паркинг. Цената станува варијабилна во денови на висока побарувачка. За споредба, истата платформа на Daimler наречена Car2Go во Њујорк наплаќа 41 центи по минута.

Веднаш потоа, тие станале толку популарни во Москва што бројот на возилата истата година се зголемил повеќе од трократно. Градот сега е најголемиот во Европа позаедничко возење и вториот по ред во светот, пишува Bloomberg.

„Се ближиме до ниво кое би можело комплетно да го преврти пазарот на автомобили. Произведителите на автомобили ризикуваат да станат обични добавувачи за сервиси од ваков тип, губејќи ги непосредните врски со нивните клиенти. Тоа не е атрактивна позиција“, изјавила лондонска аналитичарка.

Но тие сигурно ќе одговорат на ризикот- Daimler и BMW ги соединија нивните сервиси за заедничко возење за да опфатат поголем пазар и да ги намалат трошоците по единица производ. Volkswagen го тестира својот MOIA сервис во Хамбург, а General Motors има инвестирано во Lyft Inc.

Москва се смета за еден од најгустите сообрајаќни градови и има 12 милиони жители. Потребата за еден ваков сервис била повеќе од очигледна, а климата за инвестирање многу поволна.

Од 2013 година бил претставен платен паркинг во градот кој се резервирал преку мобилна апликација. Дневно паркингот чинел околу 27 евра, што била сума преголема за еден секојдневен трошок, додека сервиси како овој добиваат паркинг по намалени цени.

Иако пред нив имало две локални компании конкуренти, Delimobil I BelkaCar, агресивниот пристап на Yandex во освојување на пазарниот сегмент за кратко ги издигнал на првото место. Од автомобили имаат класа како Renault Captur кросовер, BMW 5 седан, Porsche 911 итн. Од 7.000 автомобили во февруари 2018, на крајот на годината имале 16.500.

Секторот за транспорт во Москва очекува бројката да расте со 5.000 нови автомобили секоја година.

„Русија подоцна го почна трендот за заедничко возење од останати градови, но поради тоа ние ги вградивме најновите технологии. Сега рускиот пазар е воден од локални компании, а тоа значи дека влезот на големите интернационални играчи нема да се случи“, изјавил Антон Ријазнов, главен и одговорен за Yandex.Drive.

drive2

Yandex NV е руската верзија на Google, а тоа значи дека има централно место во руската дигиталната економија. Нивната позиција ја користат за да привлечат корисници преку сервиси како сајтови за шопинг и стриминг на музика.

Во 2011 компанијата го основа Yandex.Taxi како прв чекор во овој сегмент, која сега е најголемата такси компанија во Русија. Тие го контролираат Uber во регионот.

Заедничкото возење се смета за претчекор кон автономни такси возила. Така, ваквите сервиси прво собираат база на корисници и ги прават лојални, за подоцна многу полесно да прифатат и да се префрлат кон автономните возила на истата компанија. Повеќе нема да постојат вакви сервиси, зашто нивната улога е линк помеѓу старата и новата технологија

„За неколку години ќе имате два избори- или да седнете позади и роботот да ве вози, или сами да возите“, вели Ријазанов.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×