Ryanair го менува авиобизнисот- патниците ќе летаат бесплатно!
Објавено на од во Компании

Ryanair wirft EU Feldzug gegen kleine Airports und Billigflieger vorИзвршниот директор на нискобуџетната авиокомпанија Ryanair најави дека патувањето со оваа компанија до 2026-та година би можело да стане бесплатно, јавува IBTimes.

Говорејќи на вчера одржаната конференција за новинарите во Лондон, Мајкл О’Лери открил дека се надева дека нивните летови до 2026 година  иднина ќе станат потполно бесплатни, како и тоа дека Ryanair би заработувал од приходите коишто ги остваруваат аеродромите од кадешто полетуваат нивните авиони.

“Амбициозниот план е поттикнат од исклучително добрите финансиски понуди коишто многу аеродроми во текот на изминатите години им ги дале на Ryanair. За нас во идните години ова ќе претставува голем предизвик. Имам визија дека сите летови на Ryanair за 10 години ќе станат бесплатни. Значи, нашите летови би биле бесплатни, а ние ќе ја остваруваме заработката преку приходите од аеродромите, значи од сите луѓе што ќе поминат низ аеродромот и кои ќе имаат удел при купувањето во малопродажба на аеродромите”, изјавил О’Лери.
ryanair 1
Оваа нискобуџетна компанија очекува дека оваа година ќе оствари промет од дури 119 милиони патници, а се очекува и драстично зголемување на нивната флота до 2024-та година. Минатата година просечната цена за летање со Ryanair изнесуваше 46 евра, а шефот на компанијата најави дека таа цена веќе оваа година ќе биде намалена за 10 до 15%. О’Лери на јавноста ѝ е особено добро познат токму по своите провокативни идеи, помеѓу кои се издвојуваат и вертикално поставените седишта во авионите, како и плаќањето за користењето на тоалетите во авионите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×