САД бара екстрадиција на корумпираните челници на ФИФА
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
По апсењето на неколкуте челни луѓе на Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации, ФИФА, американските власти од Швајцарија бараат испорувачување на седумминатта осомничени, кои се товарат со обвиненија за перење пари, корупција и измами

Швајцарските власти соопштија дека амбасадата на САД во Берн побарала екстрадиција на седумте претставници на ФИФА, кои во месец мај беа уапсени во Цирих, два дена пред одржувањето на Конгресот на организацијата.

Федералниот оддел за правосуство ќе треба да ги сослуша сите седуммина за барањето за екстрадиција, а потоа следуваат 14 денови за да се одговори на барањето.

Од друга страна, уапсените челници кои доаѓаат од Јужна и Северна Америка, најавија дека ќе се борат против екстрадиција.

Засега Сеп Блатер не е опфатен со истрагата, која ја покренаа правосудните органи на САД, заканувајќи им се на сите кои го обвинуваат за корупција дека ќе ги испрати во затвор.

Инаку, меѓу уапсените се потпретседателите на ФИФА, Џефри Веб (Кајмански острови) и Еугенио Фигередо (Уругвај). Првиот е претседател на КОНКАКАФ, и како таков е една од најважните политички ликови во светскиот фудбал. Уапсен е и претходникот на Веб, Џек Ворнер, додека меѓу останатите лишени од слобода се Едуардо Ли (Коста Рика), Хулио Роча (прв човек за развој во ФИФА), Рафаел Ескивел (претседател на фудбалската Федерација на Венецуела), Хозе Марија Марин (донеодамнешен прв човек на бразилскиот фудбал), и Николас Леос (Парагвај – поранешен претседател на КОНМЕБОЛ – организацијата што го води јужноамериканскиот фудбал).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×