САД деновиве ќе ја напуштат УНЕСКО
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

САД планираат да ја напуштат Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, УНЕСКО, а тоа може да се случи уште утре, петок, како што објави Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори. Ова ќе биде уште еден удар за организацијата заглавена во регионални расправии и недостиг на средства, дополнува агенцијата.

УНЕСКО е основана во 1946 година и е најпозната по доделувањето статус на дел од светското историско наследство на историски, културни и природни феномени. До крајот на неделава, раководството на организацијата базирана во Париз, треба да избере кој ќе го наследи генералниот директор, Бугарката Ирина Бокова. Новиот кандидат ќе биде предложен за согласност од 195-те држави членки на заедничкото собрание во ноември.

Тројца дипломати велат дека САД ќе ја објават својата одлука во следните денови. „Форин полиси“ веќе објави дека Вашингтон формално ќе ја објави одлуката во петок (утре).

Вашингтон ги замрзна своите придонеси во УНЕСКО ви 2011 година, како протест против избирањето за полноправна членка на Палестинската автономија. Годишниот придонес на САД беше околу 80 милиони долари, или скоро 20% од буџетот, но Вашингтон го задржа својот глас во Управниот одбор.

Сега „Форин полиси“ пишува дека одлуката за конечно повлекување од организацијата е поради намерата на САД да се штеди на меѓународните расходи на земјата, но и претставува протест против антиизраелската – според Американците – позиција на УНЕСКО. Ројтерс пишува дека очекувањата се отсега САД да имаат во УНЕСКО статус на набљудувач.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×