САД доби зелено светло, подготвуваат царини од милијарди долари за ЕУ
Објавено на од во Економија
САД доби зелено светло да воведат царини од милијарди евра за производи со потекло од ЕУ како одговор на нелегалните субвенции од европските влади на гигантот „Ербас“.
Concept image of  USA-EU trade war, Economy conflict, US tariffs on exports to EU, Trade frictionsОва го објави викендов европското издание на Политико, повикувајќи се на четири неименувани извори запознаени со содржината на официјалната одлука на Светската трговска организација (СТО), испратена приватно во петокот вечер во Брисел и Вашингтон.Обврзувачкото мислење на СТО е резултат на долги расправии меѓу САД и ЕУ и практично ги одврзува рацете на американскиот претседател Доналд Трамп за наскоро да го објави воведувањето на царините на европските производи како компензација.
Според еден извор на „Политико“, на Белата куќа и’ е право од СТО да бара надомест помеѓу 5 и 8 милијарди евра, додека друг вели дека сумата може да надмине 10 милијарди евра. Вашингтон одамна најави дека се надеваа на одлука во нејзина корист од Женевскиот орган за воведување царини за извезените производи со потекло од ЕУ, а списокот е веќе готов и ошфаќа 21 милијарди американски долари.
Со одлуката на СТО, на САД им се дава право самоволно да ги одберат видовите стоки на оваа листа и да наметнат различни давачки за да ја надоместат штетата предизвикана од постојните европски субвенции на „Ербас“, проценета на 11 милијарди американски долари од американските власти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×