САД/ЕУ: Не се исполнети условите за кредибилни избори на 24 април
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Не се исполнети условите за одржување фер и демократски избори на 24 април, е оценката што по неколкуте одложувања ја соопшти амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

Датумот останува да го одредат политичките партии, меѓутоа, ако веќе нема услови тој да биде 24 април, меѓународната заедница препорачува избори да бидат закажани на најскоро можниот ден кога ќе бидат завршени реформите.
Бејли нотираше дека сѐ уште нема договор за реформите за медиумите и оти сериозно треба да се работи на препораките од Рајнхард Прибе, што се итни реформски приоритети.

Амбасадорот ги повика на одговорност сите потписници на Договорот од Пржино и порача да работат што побрзо да се затворат проблематичните прашања за кои сѐ уште се преговара.

Во документот што во име на ЕУ и на САД го презентираше Бејли, се вели:

Нотираме дека резултатите од работата на ДИК во однос на проверката на Избирачкиот список во оваа фаза не се доволни за да се одржат кредибилни избори на 24 април, иако одреден напредок е направен. Исто така, сѐ уште не е постигнат договор за медиумските реформи за да се осигура поле за еднаков пристап.

Исто така сме загрижени од извештаите за притисоци и закани врз гласачите и врз други лица. Сето ова е многу загрижувачко.

Силно ги охрабруваме сите политички лидери, и власта и опозицијата, и институциите, да останат целосно посветени на имплементацијата на договорот од јуни/јули како и на чекорите превземени досега.

Ако изборите не можат да се одржат на предвидениот датум, се очекува политичките лидери да работат да се обезбедат услови што ќе овозможат кредибилни избори на најрано можниот датум, со целосно почитување на обврските и подготовките за тоа на ДИК.

„Партиските лидери го предложија 5 јуни како можна алтернатива. Сериозни напори од сите функционери сега се бараат и се потребни за да се постигнат условите кои ќе овозможат кредибилни избори, каде сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат“, пишува во извештајот.

Бејли, заедно со амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, и натаму одблизу ќе го набљудуваат прогресот и исполнувањето на обврските.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×