САД ги казнија компаниите кои ги заобиколиле царините преку Камбоџа
Објавено на од во Економија

САД казнија неколку компании поради извоз на кинески стоки преку економската зона во Камбоџа за да ги избегнат американските царини на увоз од Кина, изјави денеска претставник на американската амбасада Аренд Звартјес.

Republican U.S. presidential candidate Donald Trump speaks during a campaign rally at the Treasure Island Hotel & Casino in Las Vegas„Министерството за домашна безбедност спроведе инспекции и казни повеќе компании поради избегнување на царините во САД со пренасочување на стоки преку Камбоџа“, рече Звартјес.

Тој не ги кажа имињата на компаниите и нивниот број, ниту износот на казните, како и стоката што компаниите ја извезувале.

Звартјес додаде дека компаниите се наоѓаат во посебна економска зона во Сихануквил во Камбоџа.

Специјалната економска зона Сихануквил се наоѓа 210 километри западно од главниот град Пном Пен. Таа е формирана во соработка со Кина, во рамките на иницијативата Еден појас, еден пат.

Кина е најголем инвеститор и донатор на помош во Камбоџа, а преку иницијативата Еден појас, еден пат инвестира милијарди долари како помош за развој и заеми за воспоставување на подобри копнени и морски врски со југоисточна и централна Азија, Блискиот Исток, Европа и Африка. Камбоџа исто така, има статус на привилегиран трговски партнер на САД, според договорот кој беше проширен во 2016 година, што и овозможува бесцарински извоз во САД на производи како патни и рачни торби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×