САД и ЕУ: До 20 февруари ќе дадеме мислење дали има услови за избори на 24 април
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Според Договорот од Пржино датумот за изборите е 24 април. Со овој договор, потписниците се обврзуваат на структурни реформи, вклучувајќи поголема слобода на медиумите, прочистување на избирачкиот список и имплементација на препораките од ОБСЕ/ОДИХР со цел да се обезбедат слободни и фер избори. Останува уште многу да се направи за да се исполнат условите. Пред распуштање на Парламентот, што не е пред 20 февруари, ЕУ и САД, во консултација со меѓународните и локалните експерти, заедно ќе дадат став дали условите се исполнете врз основа на што ќе се знае дали има можности да се одржат кредибилни избори на 24 април. Ова преку заедничко соопштение објавено на Фејсбук страната на американската амбасада, го соопштија САД и ЕУ, после средбата со премиерот Емил Димитриев.

Еве што пишуваат тие во соопштението:

„Ние само што имавме конструктивен состанок со премиерот Димитриев, на кој ја искажавме нашата поддршка за кредибилни избори и нашата посветеност да понудиме техничка и други вид на помош за да помогнеме да се креираат услови што ќе направат такви избори да бидат можни.

Според Договорот од Пржино датумот за изборите е 24 април. Со овој договор, потписниците се обврзуваат на структурни реформи, вклучувајќи поголема слобода на медиумите, прочистување на избирачкиот список и имплементација на препораките од ОБСЕ/ОДИХР со цел да се обезбедат слободни и фер избори. Останува уште многу да се направи за да се исполнат условите. Пред распуштање на Парламентот, што не е пред 20 февруари, ЕУ и САД, во консултација со меѓународните и локалните експерти, заедно ќе дадат став дали условите се исполнети, врз основа на што ќе се знае дали има можности да се одржат кредибилни избори на 24 април. На нашиот состанок со премиерот, ние ги споделивме критериумите што ќе ги употребиме. Исто така тие критериуми ги споделивме и со лидерите на партиите потписници на договорот од Пржино, со кои одблиску работиме во последните неколку месеци. Ние исто и пред јавноста ќе ги соопштиме тие критериуми.

Нашите погледи ќе ги понудиме како пријатели на Македонија, земја која сакаме да има просперитетна демократија во рамките на Евро-Атлантската заедница.

На крајот, сепак, останува одлуката на Парламентот, Владата и политичките лидери да донесат одлука. Тие се одговорни што заостануваат на Евро-Атлантскиот пат.

Ние исто така рековме дека ги охрабруваме сите партии, граѓани и организации да учествуваат на изборите. Таквото учество е најдобар начин да се зајакнат демократските процеси.

Исто така ги повикуваме партиските лидери да се воздржат од напади на јавните претставници, чија работа е да креираат услови за кредибилни избори; тие пак имаат навистина тешка работа пред себе. Таквата реторика не е од помош и ја поткопува вербата дека изборите што треба да се одржат ќе бидат спроведени во услови на фер и демократска атмосфера“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×