САД и Катар потпишаа договор за продажба на F-15 авиони вредни 12 милијарди долари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, и неговиот катарски колега, Калид Ал-Атиja, потпишаа договор вреден 12 милијарди долари за продажба на борбени авиони на Катар, соопшти синоќа Пентагон.

Договорот е склучен во екот на регионалната дипломатска криза околу Катар, обвинет од соседите, меѓу кои и Саудиска Арабија, дека поодржува тероризам.

„Продажбата вредна 12 милијарди долари ќе му обезбеди на Катар модерна технологија и ќе ја зголеми безбедносната соработка меѓу САД и Катар“, наведува американското министерство за одбрана.

Објавата доаѓа десет дена откако група арапски држави на чело со Саудиска Арабија и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар, и го изолираа од копно, море и воздух, обвинувајќи го дека го финансира исламскиот тероризам и оти соработува со шиитски Иран. Катар ги отфрла обвинувањата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поддржа стратегијата за изолација на Катар почната од Саудиска Арабија, но други американски функционери покажаа воздржаност и повикаа на дијалог.

Покрај САД, дипломатски акции за наоѓање решение за растот на тензиите во регионот прават и Турција, Кувајт и Франција.

Агенцијата AP наведува дека договорот за американската продажба на авионите F-15 на Катар (според Bloomberg  се работи за 36 авиони F-15) и посетата на два американски воени бродови на Доха покажуваат на виталните воени врски што Вашингтон ги одржува со државата околу која е концентриран спорот со другите арапски држави.

Во Катар се стационирани 10.000 американски војници и голема американска воена база, во која е и седиштето на големата американска централна команда што управува со операциите против Исламската држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×