САД и Кина преговараат под закана од роковите за „трговската војна“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

САД и Кина и денеска, вториот ден од нивните преговори во Пекинг, се обидуваат да избегнат „трговска војна“, помалку од три седмици пред најавеното стапување на сила на американските царини на алуминиум и челик.

„Разговорите се многу добри“, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин пред почетокот на вториот, и засега последен ден од преговорите со потпретседателот на Кина, Лиу Хе.

И двете страни досега многу малку информираат за што се преговара.

На ист начин кинеските медиуми, штуро пишуваат за посетата на американската делегација.

Укажувајќи на огромниот дефицит на САД во трговијата со Кина и на „нефер“ практиките на Пекинг, американскиот претседател Доналд Трамп го прати секретарот Мнучин да преговара за тоа.

Неговата делегација го вклучува врвот на американската трговска политика, односно тука се министерот за трговија, Вилбур Рос, трговскиот претставник (United States Trade Representative) Роберт Лајтхајзер, главниот економски советник на Белата куќа, Лари Кадлов.

Влоговите се високи: американската посета доаѓа додека Кина е под закана што може да се оствари на 22 мај, со нова тарифа од 50 милијарди долари за производите извезени во САД.

Кина е подготвена да одговори со царини од 50 милијарди долари на производи увезени од САД, како соја, возила, говедско месо …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×