САД и Русија со нови зделки во милијарди за продажба на оружје на Катар, односно на Турција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

САД одобрија нова зделка за продажба на оружје на Катар, вредна 1,1 милијарди долари, и покрај кризата меѓу емиратот и другите арапски држави, пренесе Франс прес. Договорот предвидува логистичка и техничка поддршка за катарските воени авиони Ф-15.

Катар е сила од суштинско значење за политичката стабилност и економскиот напредок во Персискиот залив, се вели во соопштение од Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста во рамките на Стејт департментот. Во јуни САД и Катар склучија договор, според кој на малата држава ѝ беа продадени американски Ф-15 за 12 милијарди долари.

Ова се случи денови пред почетокот на кризата меѓу Доха и четири арапски држави предводени од Саудиска Арабија, која го обвини Катар дека ги поддржува екстремистичките организации и се зближува со Иран – моќниот соперник на Ријад во регионот. Од почетокот на јуни Катар е под строга блокада од овие држави. На почетокот изгледаше дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поддржува изолацијата на Катар, откако ја обвини државата дека го финансира „тероризмот на многу високо ниво“. Но, потоа САД направија обид за соработка – државниот секретар Рекс Тилерсон дури ги укори Саудиска Арабија и нејзините сојузници – Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахраин, поради одбивањето да почнат дијалог со Катар.

Денеска беше објавена и веста дека Русија ѝ продаде ракетен систем за противвоздушна одбрана С-400 на Турција, за над 2 милијарди долари, како што рече директорот на руската државна корпорација Ростех, Сергеј Чемезов.

Договорот со Турција, која е членка на НАТО, секако предизвика вознемиреност во САД. Турција пред четири години порача систем за одбрана од Кина, вреден 3,4 милијарди долари, но го откажа во 2015 година, со образложение дека ќе се концентрира на развој а домашен систем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×