САД и Саудиска Арабија ја заоструваат битката за цената на нафтата
Објавено на од во Економија
САД и Саудиска Арабија се сојузници, но не и кога станува збор за цената на нафтата. Официјално, Ријад соопшти дека ќе ги зголеми приносите ако е потребно, откако санкциите на Доналд Трамп го ограничија вкупниот извоз на Иран во четвртокот.
oil fieldМеѓутоа, зад сцената, двете земји се соочуваат со битка околу потребата од дополнителни „црни буриња“ за да се одржи рамнотежата во светот, пишува The Wall Street Journal.
САД се обидуваат да ја обноват рударската област што ја делат кралството и Кувајт, што може да отклучи половина милион барели дневно. Во исто време, сепак, Саудиска Арабија има потреба од повисоки цени на нафтата за да го балансира својот буџет. Таа, исто така, лобира Организацијата на земјите за извоз на нафта (ОПЕК) да ја смени методологијата за која сметаат дека пазарот е добро опремен, за да му покаже на Вашингтон дека на светот не му треба зголемување на приносот.
На 22 април администрацијата на Трамп изјави дека ги прекинува сите исклучоци за извозот на нафта од Иран, како крајна цел  да го симнат до нула. Овој потег дојде кога црното злато со децении го забележа својот најдобар прв квартал, зголемувајќи се за 30%. Цените удрија 6-месечен врв минатата недела, поддржани и од кризата во Венецуела и турбуленциите во Либија.
Се очекува Ријад со останатите производители да ги дискутираат нивоата на производството за време на техничка средба во економската престолнина на земјата на 19 мај.  Продолжувањето на приносот ќе помогне да се намалат цените на нафтата. Нивниот последен состанок беше во септември и заврши без одлука.
Сега, големото прашање е дали Саудиска Арабија ќе го задржи своето ветување за зголемување на приносот. За сега, извори велат дека ова ќе се случи, но не е јасно колку. Барем до крајот на месецот, сепак производството ќе остане под 10 милиони барели дневно, неодамна изјави ресорниот министер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×