САД им сѐ закануваат со санкции на германски компании поради рускиот гасовод
Објавено на од во Економија

Германија и нејзините европски сојузници го обвинуваат Вашингтон за мешање во нивната надворешна и енергетска политика.

merkel trump

САД предупредија дека може да воведе санкции за германските компании кои продолжуваат да соработуваат со Русија за изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

Претседател Доналд Трамп ја обвини Германија, дека е “заложник” на Москва поради тоа што се потпира на руската енергија и го повика Берлин да ги прекине сите активностина гасоводот во вредност од 11 милијарди долари.

Гасоводот „Северен поток 2“ ќе пренесува гас директно во Германија преку Балтичкото Море. Проектот го предводи рускиот гигант „Гаспром“, во соработка со западните партнери Uniperom, Wintershall, Engiejem, ОМВ и Шел.

Во Вашингтон го критикуваат проектот поради профитабилните транзитни такси, кои Украина ќе ги изгуби со изградбата на овој гасовод, што би го довел Киев во ранлива позиција во иднина.

Американскиот амбасадор Ричард Гренел испратил писма до неколку компании во врска со ова прашање, изјавија од американската амбасада во Германија во неделата.

” Во писмото потсетува дека на секоја компанија што работи во рускиот сектор за извоз на гас и прети закана од санкции според законот за борба против непријателите на САД (CAATSA), појасни портпаролот на Амбасадата.

Германија и нејзините европски сојузници пак, го обвинуваат Вашингтон за користење на законот како инструмент за мешање во нивната надворешна и енергетска политика.

Неименуван германски дипломат за Ројтерс изјави дека изјавата на американскиот амбасадор не се придржува кон принципите на дипломатската практика и дека ова прашање Берлин ќе го решава во директни разговори со официјални претставници во Вашингтон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×