САД испратија и бомбардери Б-52 на Блискиот Исток
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
САД соопштија дека испратиле повеќе авиони бомбардери Б-52 на Блискиот Исток како одговор на евентуален планиран напад од Иран.
us-air-forceВо понеделникот администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го пренасочи носачот на авиони Абрахам Линколн на Блискиот Исток. Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон еден ден претходно најави дека во Персиски Залив ќе биде испратен американски носач на авиони, како и одреден број бомбардери.
Бомбардерите Б-52 можат да носат крстосувачки ракети.
Американскиот претседателот Доналд Трамп пред една година ги повлече САД од нуклеарниот договор од 2015 година, според кој Иран го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции. Оттогаш, на незадоволство на европските сојузници, кои и понатаму го поддржуваат Договорот, Трамп ја продолжува својата кампања на „максимален притисок“ врз Иран.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Мајк Помпео допатува во ненајавена посета на Ирак, каде е предвидена средба со премиерот Адил Абдул Махди. Помпео вчера ја откажа посетата на Берлин поради „итни прашања“.
Според претходните најави, Техеран денеска ќе најави делумно повлекување од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма.
Иранскиот претседател Хасан Рохани ќе испрати писмо со намери до лидерите на Русија, Кина, Германија, Франција и Велика Британија. Сите тие, заедно со Иран и со САД беа потписнички на Договорот според кој Иран го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции.
Не е прецизирано што понатаму ќе преземе Иран.
Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан вчера истакна дека одобрил испраќање ударни групи бродови, предводени од носач на авиони, како и испраќање бомбардери на подрачјето на Блискиот Исток, поради, како што тврди, „кредибилни закани од силите на иранскиот режим“.
Тој додаде дека САД „го повикуваат иранскиот режим да престане со провокации“.
„Ќе го сметаме иранскиот режим одговорен за каков било напад врз американските сили или наши објекти“, напиша Шенахан на Твитер.
Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс во понеделникот изјави дека таквиот потег „гарантира оти имаме сили кои ни се потребни во регионот за да можеме да одговориме на непредвидливи ситуации и да ги браниме силите и интересите на САД во регионот“.
Тој потенцира дека САД не сакаат војна со иранскиот режим, но ќе ги штитат американските граѓани, сојузниците и интересите во регионот.
Ситуацијата драстично ескалира откако Трамп минатиот месец ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација, а некои високи претставници на Пентагон предупредија дека тоа може да доведе до одмазда од страна на Иран или неговите сојузници против САД и нивните сојузници, вклучувајќи го и Израел. Зголемените тензии сега предизвикуваат страв дека евентуален потег од која било страна, дури и непланирано, може да доведе до воен судир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×