САД ја намали царината за увоз на челик од Турција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Американскиот претседател Доналд Трамп ја намали царината за увоз на челик од Турција од 50 на 25%, јави агенцијата Анадолија.
chelikСо оваа одлука царината се враќа на нивото на кое беше пред одлуката на Трамп во август минатата година за удвојување на царините во екот на тензиите околу ослободувањето на американскиот пастор, кој беше во притвор во Турција.
Во тој период Турција и Соединетите Американски Држави (САД) воведоа реципрочни царини на одредена стока, меѓу која и на челикот и алуминиумот, потсетува агенцијата.
Трамп во прогласот кажа дека увозот на производи од челик од Турција во 2018 година паднал за 48 отсто, што резултирало со зголемување на искористувањето на домашната индустрија приближно до целното ниво што го препорача секретарот за трговија Вилбур Рос.
„Тоа ниво долгорочно ќе ја подобри финансиската одржливост на индустријата на челик во САД. Со оглед на ова подобрување, утврдив дека е неопходно и соодветно да се отстрани повисоката царина за увоз на челик од Турција“, наведе Трамп.
Во декларацијата тој исто така нагласува дека одржувањето на нивото на царината од 25 отсто и понатаму е неопходно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×