САД, Канада и Мексико постигнаа нов договор за слободна трговија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

US Canada dealСоединетите Американски Држави и Канада официјално потврдија дека постигнале договор за „нов, модернизиран трговски договор“, кој треба да го замени договорот НАФТА од 1994 година.

Во заедничката изјава, двете земји објавија дека новиот трговски пакт ќе биде наречен УСМЦА (Договор на САД-Мексико-Канада). Договорот е постигнат во последен момент пред истекот на крајниот рок на полноќ по локално време.

„УСМЦА на нашите работници, земјоделците и компании ќе им обезбеди модерен договор кој ќе резултира со слободен пазар, фер трговија и посилен економски раст во нашиот регион“, се вели во заедничката изјава на САД и Канада, пренесе АФП.

„Тој ќе ја зајакне средната класа и ќе создаде добро платени работни места и нови можности за речиси половина милијарда луѓе кои Северна Америка ја нарекуваат свој дом“, се додава.

Американскиот претседател Доналд Трамп се зазеде за промена на НАФТА сметајќи дека САД се третираат неправедно. Разговорите се започнати пред повеќе од една година, а во последниве неколку месеци повеќепати беа во застој, САД и Мексико веќе постигнаа договор во август. Двете страни објавија дека нивниот билатерален договор ќе стапи во сила ако до крајниот рок од 1 октомври не се постигне договор со Канада.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×