САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот
Објавено на од во Економија
Сингапур ги симна САД од првото место во годинашниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум.
A view of the skyline in SingaporeВо извештајот се анализира конкурентноста на економијата со мерење на фактори како што се макроекономска стабилност, инфраструктура, пазар на трудот и иновативен капацитет.
Сингапур оваа година ја „турна“ најголемата светска економија на второто место, при што градот-држава Азија доби најдобри оценки за својата инфраструктура, здравство, пазар на трудот и финансиски систем.
„САД остануваат иновациска сила, и покрај губењето од Сингапур“, се вели во извештајот.
Еден од „виновниците“ за успехот на Сингапур и Виетнам е американско-кинеска трговска војна. Во извештајот се вели дека двете азиски економии имаат корист од глобалните трговски тензии, бидејќи трговијата се пренасочува во овие земји. Виетнам „заработи“ десет поени од минатата година, и се искачи на 67-то место од 137 земји.
На врвот на листата се најдоа и Хонг Конг, Холандија и Швајцарија. Хонг Конг се искачи за четири места од минатата година, и покрај политичката криза која се одрази на економскиот раст.
Северна Македонија се искачи за две места и се наоѓа на 82 место на листата. Од регионот, најдобро рангирани се Словенија – на 35., Бугарија на 49 и Романија на 51 место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×