САД: Партиите да ги стават интересите на државата на прво место при спроведувањето на Договорот од Пржино
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

kirbyСоединетите американски држави очекуваат работните групи да продолжат со нивната работа за спроведување на обврските од договорот од Пржино, при што политичките партии да ги ставаат интересите на државата на прво место, со што ќе ја реафирмираат посветеноста кон евроатлантските интеграции на Македонија.

Ова го истакна портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, вчера, на редовната средба со новинарите, а на прашање за кризата во Македонија.

„Ги охрабруваме македонските лидери да го надоградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементацијата на политичкиот договор од 15 јули, кој претставува најдобар начин за излез од кризата и пат кон одржување кредибилни избори во април следната година. Партиите сега го пропуштија клучниот рок за постигнување согласност за сериозни прашања кои се однесуваат на формирање техничка влада, заштита на „свиркачите“, како и заштита на приватноста“, рече Кирби.

Според него, македонските лидери направиле важен чекор минатиот месец со назначувањето на Катица Јанева за специјален обвинител, на која сега треба да ѝ бидат дадени ресурсите и персоналот кои таа ги побара за да го исполни својот мандат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×