САД почнуваат проверки кој сѐ купува луксузни имоти во кеш
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

centralparkПоради навлегување валкани пари во сегментот луксузни имоти, Министерството за финансии на САД вчера објави дека ќе почне проверки за тоа кои се конректните лица што стојат зад ваквите купувања недвижнини. Иницијативата почнува од две од најпопуларните места во контекстот – Менхетн во Њујорк и округот Мајами-Дејд во Флорида. Властите сакаат да се расветли една од најтемните страни на овој пазар – зделките во кои сѐ се плаќа со пари во кеш од името на фиктивни компании или такви што се создадени специјално со цел извршување на конкретно купување за да се прикрие личноста на купувачот, пишува The New York Times.

Весникот тврди дека првпат федералната власт почнува да бара од агентите за недвижности и од компаниите да ги откриваат вистинските имиња на луѓето во споменатите зделки. Ова веројатно ќе го разниша овој сегмент што печали огромни суми последниве години од градежниот бум. Методите што ги користат богатите клиенти кои не сакаат да им се знаат имињата не се незаконски, но финансиското разузнавање се сомнева дека преку нив се прават обиди за перење пари од криминални дејности, вклучително и такви што се изнесени во офшор зони без да бидат пријавени на даночните власти. За Менхетн ќе треба да бидат пријавени деталите за сите зделки за недвижности над 3 милиони долари, а во Мајами-Дејд за над милион долари.

Според статистиката на компанијата PropertyShark, лани на Менхетн се извршени продажби на 1.045 живеалишта над овој праг со заедничка вредност од 6,5 милијарди долари. Засега акцијата на властите ќе се трае само од март до август, но ако се утврди дека има сомнителни пари во многу продажби, таа ќе стане постојана и ќе се спроведува на територијата на целата држава. Истражување на The New York Times покажало дека скоро половината од живеалиштата во САД вредни над 5 милиони долари се купуваат преку специјално создадени компании за целта. Само во еден од комплексите до Централ парк во Њујорк, новинарите утврдиле дека има купувачи/жители кои се под истрага од федералните власти – руски сенатори, поранешен гувернер на Колумбија, британски финансиер и бизнисмен, поврзан со премиерот на Малезија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×