САД примиле официјално барање за екстрадиција на Ѓулен
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама денеска соопшти дека примила официјално барање од Турција, за испорачување на муслиманскиот духовник Фетула Ѓулен, кој Анкара го обвинува дека е одговорен за неуспешниот обид за пуч на 15 јули.

„Американските власти го разгледуваат барањето“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Ѓулен живее во американската сојузна држава Пенсилванија и негира каква и да е врска со обидот за пуч.

Тонер, без да наведува детали, рече дека барањето за екстрадиција нема врска со обидот за државен удар.

Вчера, во Анкара, меѓу американски и турски официјални претставници, почнаа разговорите за екстрадиција на Ѓулен, во кои Американците очекуваат Турците да им предадат докази за неговата вина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×