САД со нов рекорд во производство на нафта
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Рекордно домашно производство на нафта покажа најновиот американски енергетски извештај, кој дополнително изврши притисок на цените на нафтата. Производството на нафта во САД пораснало на рекордни 9,6 милиони бареле дневно додека залихите на црно злато се блиску до рекордните 463 милиони барели.

Како резултат на сето ова американската лесна нафта  (WTI) за испорака во јули поевтинила на Њујоршката берза за три центи на 60,24 долари додека нафтата од типот „брент“за августовската испорака во Лондон поскапела на 63,63 долари.

Санџеф Гупта аналитичар на консултанската компанија EY по објавување на податоците за Франс Прес изјави дека неделниот извештај на американското министерство за енергетика извршило притисок на цените на нафтата.

„Трговците очекуваат и продолжување на иранските нуклеарни преговори, бидејќи двете страни вклучени во преговорите изразиле сомнеж во поглед на решавањето на иранското прашање до 30 јуни кога истекува рокот“

Доколку навистина се постигне договор  западните земји би ги укинале санкциите и би дошло до враќање на иранската нафта на глобалните пазари што дополнително би се одразило на пад на цените на нафтата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×