САД со предупредување за Косово: Можни се напади
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американската амбасада на Косово ги предупреди граѓаните на САД на зголемен ризик од терористички напади на Косово, особено за време на велигденските празници.

Како што се наведува на сајтот на американската амбасада во Приштина, американските државјани би требало да бидат внимателни во тек на настаните околу прославата на православниот и на католичкиот Велигден.

Во предупредувањето се нагласува дека екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристички локации, трговски центри, угостителски, верски објекти, и слични „лесни“ цели.

На Американците кои доаѓаат на Косово, од амбасадата им советуваат да не се истакнуваат во јавност, да не привлекуваат внимание, да ја менуваат рутината на движење за да бидат непредвидливи за криминалците и терористите. Исто така, граѓаните на САД треба да избегнуваат јавни собири и демонстрации.

Предупредувањето доаѓа откако ситуацијата на Косово стана напната по апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, во Косовска Митровица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×