САД велат дека дошол моментот за правда во Сирија – Русија повикува Западот да ја напушти воената реторика
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави денеска пред Советот за безбедност во ОН, дека дошол моментот за правда, после нападот со хемиско оружје во Дума, во Сирија.

„Дојдовме до моментот кога светот треба да види правда“, изјави таа, додавајќи дека хемиски напад може да изведе само „чудовиште“.

„САД се одлучни чудовиштето што фрла хемиски бомби на сирискиот народ да го натераат да ги положи сметките“, изјави Хејли.

Русија, пак, предупреди на „тешки последици“ во случај на западни воздушни напади во Сирија по нападот со хемиско оружје што Москва го негира.

„Ги повикуваме западните земји да ја напуштат воинствената реторика“, изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност посветена на Сирија.

Тој рече дека во саботата во Дума „немало хемиски напад“ и оти за таков напад „не постојат докази“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави синоќа дека во рок од 48 часа ќе одлучи за американскиот одговор на нападот со хемиско оружје на цивили, и предупреди оти Русија, или која и да е друга земја за која ќе се утврди дека е одговорна за нападот, „ќе ја плати цената“.

САД размислуваат за мултинационален воен одговор на нападот, јавија американски медиуми повикувајќи се на високи претставници на Вашингтон.

Експерти за безбедност велат дека Франција и Велика Британија, како и американски сојузници од Блискиот исток, би можеле да станат партнери на САД во евентуалниот воен одговор во Сирија.

Во наводниот напад со хемиско оружје во Дума на 7 април, загинаа над 40 луѓе, меѓу кои и деца. За нападот Западот ги обвинува силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, кои отфрлаат одговорност. Западните земји сметаат дека Асад не можел да дејствува без поддршка на своите сојузници, Русија и Иран.

Од руската армија изјавија дека нејзини припадници го истражиле местото на нападот и оти не нашле докази за употребен отровен гас.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×