Саљији: СЈО ќе биде дел од Јавното обвинителство на РМ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да стане дел од Јавното обвинителство на Република Македонија – ова е предвидено во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за периодот 2017-2022 година, и тоа како посебен оддел кој ќе се занимава со повисоки кривични дела. Ова го потврди министерот за правда, Билен Саљији, на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на Владата.

Идејата е, како што изјави министерот, СЈО да влезе во рамките на државното Јавно обвинителство како специјален оддел. Додаде дека се работи на подготовка на закон за измени на Законот за СЈО.

Во врска со препораката на Прибе, судиите да одговараат кривично доколку сториле кривично дело, рече дека неговата основна препорака е Министерството за правда, односно политиката да биде подалеку од судството.

„Ќе настојуваме да се оформат законски решенија за понезависно функционирање на системот“, истакна Саљији.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×