Салвини ќе повика на формирање на група „суверенисти“ за евроизборите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Салвини се надева дека околу себе ќе привлече дваесетина суверенистички политички партии од ЕУ.
salviniСпоред италијанските медиуми, се очекува уште денеска да му се придружи екстремни десничарски партии од Германија, Финска и Данска, но не и највлијателните националистички партии на континентот, како францускиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен, полската Право и правда (ПиС) и Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, бидејќи сите овие партии веќе припаѓаат на други политички семејства во Европарламентот.
Фидес на Орбан е членка на Европската народна партија (ЕПП), ПиС е дел од Европските конзервативци и реформисти, а РН на Ле Пен членува во партијата Европа на нации и слободи.
Финските и дански сојузници на Салвини исто така се дел од Европските конзервативци и реформисти, додека неговата партија Северна Лига е дел од истата група, како и партијата на Ле Пен.
Идејата на италијанскиот министер за внатрешни е да успее да ги собере сите националистички сили во една единствена група за претстојните избори за Европскиот Парламент, за здружено тие да имаат поголемо влијание врз европските политики.
Салвини и Ле Пен се сретнаа минатата недела и подготвуваат голем митинг во текот на мај, но останува сосема неизвесно дали ќе успеат да договорат политичка алијанса за изборите, поради нивното ривалство за лидерската позиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×