Самит 100: Компаниите заеднички да ги освојуваат странските пазари
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Словенија и Хрватска се во ЕУ, Србија има одлични односи со Русија, додека БиХ има пристап до пазарите на исламските земји, изјави Изток Селјак, претседател на Бордот на иницијативата „Самит 100“ кој се одржува во Порторож, Словенија

Според него, сите држави од регионот треба да ја искористат синергијата и заеднички да настапат на странските пазари со своите високотехнолошки производи.

„Регионот треба да се отвори кон странските пазари како еден силен партнер, а пред се’ мора заеднички да се настапи на трети пазари, искористувајќи ја синергија која постои“, истакна Селјак.

Тој посочи дека најдобар пример за тоа е градежниот конзорциум „Феникс“, кој заедно со голем број компании од регионот, гради објекти на Блискиот Исток, во Русија и Азија.

„Овојпат сакаме да ги придвижиме конкретните проекти во регионот, а тоа посебно се однесува на „Паметни градови на иднината“. За почеток, тоа ќе биде помеѓу Љубљана, Загреб и Белград преку брзо желеничко поврзување на овие градови со Минхен и Салцбург“, рече Селјак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×