Самит на лидерите на Северна и на Јужна Кореја ќе се одржи на 27 април
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Самит на лидерите на Северна и на Јужна Кореја ќе се одржи на 27 април, соопштија денес јужнокорејски официјални лица на состанок со претставници на северниот сосед.

Состанокот на Ким Џонг Уни на Мун Џае-ин, ќе се одржи во демилитаризираната зона меѓу двете земји.

Денешниот состанок беше за подготовка на самитот.

По состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Ким Џонг ун до крајот на мај треба да се сретне и со американскиот претседател, Доналд Трамп. Засега не се знае датумот и местото на состанокот со Трамп.

Овие состаноци доаѓаат по ненадејната посета на лидерот на Северна Кореја на Кина, што е негова прва посета на странска држава по доаѓањето на власт во 2011 година.

Ким Џонг ун по состанокот со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, изрази подготвеност на претстојниот состанок со Трамп да се заложи за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×