Самит во Варшава на иницијативата Три мориња, со Трамп како почесен гостин
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, и претседателот на Полска, Анджеј Дуда, денеска во Варшава се домаќини на самитот на неформалната иницијатива Три мориња, за економско и политичко поврзување на 12 земји од централна и источна Европа. Почесен гостин на самитот е претседателот на САД, Доналд Трамп. Претседателите на земјите од Вишеградската четворка, на балтичките републики, на Австрија, на Хрватска, на Романија и на Бугарија, во Варшава доаѓаат, како што најави Дуда, да го засилат единството на регионот во рамките на Европската унија, и заедно да ги отстранат економските инфраструктурни бариери, додека Полска и Хрватска, како неформални лидери на иницијативата, сметаат и на политичко поврзување во своевиден блок во ЕУ.

„Иницијативата Три мориња е можност за надминување на бариерите во инфраструктурата и земјите да ја увидат взаемната атрактивност на своите пазари. Досега Европа се развиваше главно на оската Запад-Исток, па затоа сега клучниот столб за поврзување на регионот е од Балтикот преку Јадранот до Црното Море“, соопшти пред самитот канцеларијата на претседателот на Полска.

Хрватските експерти подготвиле список со 157 проекти со кои ќе се поврзе инфраструктурата на регионот во делот на енергетиката, на сообраќајот и на телекомуникациите, а на самитот една пленарна расправа е посветена на трансатлантските односи, зашто вложувањата што се потребни во регионот ги надминуваат можностите на фондовите за кохезија на ЕУ, и исклучително би биле добредојдени и американски вложувања.

„Очигледно е дека Трамп, кој го има животното искуство на бизнисмен, гледа потенцијална корист во ова среќавање и за САД. Инвестициите во централна Европа значат големи пари за развој на инфраструктурата, за изградба на патишта, на железници, на енергетски мрежи, на гасоводи“, изјави Дуда.

Како взаемна корист се смета извозот на американски течен гас, на кој сметаат Полска и Хрватска, а тој енергент би помогнал регионот да се ослободи од енергетската зависност од Русија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×