Самит за Западен Балкан на Економист: Балканот како бизнис хаб
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Последната дискусија на Самитот за Западен Балкан што го организираше угледниот магазин Економист, се обиде да најде одговор од претставници на бизнис секторот и меѓународните финансиски синтитуции на прашањето дали овој регион може да стане бизнис хаб. Всушност сите се согласија дека е тоа возможно доколку се спроведат клучните реформи и со тоа се надминат најголемите проблеми што се всушност заеднички за сите држави на Западен Балкан.

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, истакна дека досега Западен Балкан како своевидно гето не ги даде посакуваните резултати во поглед на економскиот развој бидејќи заостанува многу зад европскиот просек, но според неа, со забрзување на евроинтеграцискиот процес, работите може побрзо да се менуваат на подобро.

„Потребна ни е безрезервна поддршка од ЕУ а притоа мислам на конечно добивање датум за почеток на преговори. На тој начин и како држава, но и како регион ќе можеме побрзо да се справиме со клучните предизвици како што се владеење на правото, корупцијата или криминалот, а тоа е начин на подобрување на бизнис климата и условите за инвестирање. Потребно ни е инфраструктурно добро да се поврземе со цел регион, бидејќи иако сме си најголема конкренција на европскиот пазар, сепак земјите од регионот сме и најголеми трговски партнери и тие врски мора да ги зајакнеме“, истакна Арсовска.

Претседателот на Федерацијата на индустрии во Грција, Атанасиос Савакис истакна дека после финансиката криза во Европа, на површина излегоа сите проблеми и во Западен Балкан кои особено беа актуелни во Грција. Но тој смета дека последните три години макроекономската стбилност е подобрена, а се уште постои простор за зголемување на трговската соработка меѓу соседните земји.

„Регионалната соработка мора да стане приоритет. Балканот има многу предиспозиции за да привлече инвеститори, и освен географската локација на земјите и блискоста со Европа, владите би можеле со конкретни мерки да ги подобрат условите за водење бизнис“, истакна Савакис.

Претставникот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Марко Мантованели, исто така зборуваше за предностите што ги има регионот за инвестирање, но според него, иако речиси сите земји имаат добри перформанси во Извештајот Doing business што ги рангира земјите според условите за водење бизнис, тој сепак вели дека постои голем јаз меѓу реформите на хартија и спроведувањето во пракса.

„Предностите за инвестирање се многу, но уште многу реформи треба допрва да се направат. Макроекономската стабилност е подобрена, но за да дојдат инвеститорите таа треба да се одржува. Од владите се очекува да водат конкурентна политика, може да реагираат преку државна помош и јавната администрација. Поврзаноста на регионот е клучна не само за околните земји туку и подалеку. Притоа не мислам само на патна или ѓелезничка инфраструктура, туку и на таканаречената мека инфраструктура. На пример, со новите автопати транспортот на стоката е забрзан, но камионите и пнатаму се задржуваат со денови на граници и токму тука треба да се подобрат работите“, истакна Мантованели.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер, зборувајќи за погодностите од преговорите и членството во ЕУ како Австриец, од искуство, истакна дека се неспорни и неминовни.

Но за да се привлечат повеќе инвеститори, тој зборуваше за ресурсите како основен предулов.

„Ресурси во секоја смисла. Минерални ресурси за компании што планираат инвестиции во рударство, или пак земјоделски ресурси, патна и железничка инфраструктура. Но и нови ресурси кои што им се многу важни на компаниите, како соларна енергија, или копање биткоини, или пак поврзаност на интернет. Прсиапот до аеродроми исто така, кој што и не знаеме колку ни значи се додека некогаш не биде затворен. Потоа следува пазарот на труд, односно, добра работна сила. А добра работна сила за инвеститорите е кваликфкуван работник со вештини и ниска цена. Но и во овој сегмент се случуваат драматични промени, со одливот на мозоци но во последно време и на технички квалификуваните работници, цената на трудот се згоемува. И трето, купобната моќ на пазарот е исто така битна за инвеститорите. Ова е мал пазар а со иселувањата, потенцијалот на пазарот уште повеќе се намалува“, истакна Петер.

Тој вели дека од искуство научил дека нема лесен и краток пат за правење бизнис, но обидувајќи се да даде краток одговор на пва прашање истакна дека земјите од регионот треба да изградат подобра инфраструктура за да привлечат повеќе инвестиции што ќе прават повеќе иновации.

Генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева, истакна дека стабилноста, растот и просперитетот зависат од инвестициите како и од моќта на политичките лидери доследно да ги почитуваат и спроведуваат европските директиви и начела за да може да станеме членка на ЕУ.

Таа рече дека климата за нови домашни и странски инвестиции во нашата земја е значително подобрена и потенцираше дека државната компанија МЕПСО преку посветеност за инвестирање во преносната мрежа ја подобрува стабилноста и доверливоста на системот, обезбедува навремено и непрекинато снабдување со електрична енергија што на крајот резултира со стимул за економски раст.

„Во тој контекст зборувам за МЕМО операторот на пазарот на електрична енергија, за инвестициите тешки 150 милиони евра на кои забрзано работиме вклучувајки ја тука и интерконекцијата со Албанија, за предизвикот пред кои стоиме – засилена интеграција на обновливите извори на енергиј , но и за нагорниот тренд на барања од страна на нови корисници да се приклучат на преносната мрежа. Ми претставува задоволство да соопштам дека МЕМО – Национален оператор на пазар на електрична енергија е реалност и од денес ќе продолжи да го организира и управувава пазарот на електрична енергија во согласност со лиценцата добиена од страна на Регулаторната комисија за енергетика“, истакна Шуклева и додаде дека планот за развој на компанијата предвидува инвестиции од 150 милиони евра во следните 10 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×