(ВИДЕО) Самитот Г-20 во Хамбург почна со силно обезбедување и насилни протести против светските лидери
Објавено на од во Политика

German Chancellor Angela Merkel welcomes U.S. President Donald Trump before bilateral talks on the eve of the G-20 summit in HamburgДенеска во Хамбург во Германија во тек е самитот на најразвиените земји Г20, каде се собрани лидерите на најразвиените светски земји, а за нивната безбедност се грижат околу 20 илјади припадници на германските безбедносни сили. Германската канцеларка Ангела Меркел го отвори самитот, ана манифестацијата присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и многу други државници.

Ангела Меркел истакна дека се надева на изнаоѓање на „компромиси и одговори“ во врска со бројни прашања на состанокот на 20-те водечки економски сили. Меркел во Хабрург изјави дека светските лидери ќе се занимаваат со широк спектар на прашања, вклучувајќи ги и правилата на финансиските пазари, борбата против тероризмот, климатските промени, ланците на снабдување и борбата против пандемиите ширум светот. Состаноците официјално започнаа денес и ќе траат до сабота.

Воена состојба на протестите протов светските лидери

Во меѓувреме, надвор од Самитот се случува вистинска воена состојба. Неколку илјади демонстранти протестираат во Хамбург уште од вчера, а протестите продолжуваат и следните денови. Главното мото на организаторите на протестите против Г20 е „добредојдовте во пеколот“,а германските власти очекуваат околу 100 илјади демонстранти за време на одржувањето на самитот во Хамбург. Десетина полицајци се повредени, а запалени се и полициски возила.

На Јутуб се појави видео на кое демонстрантите облечени во црно прават нереди по улиците во Хамбург и уништуваат се пред себе – палат автомобили и кршат стакла.
Од германската полиција известуваат дека демонстрантите блокирале повеќе раскрсници во градот, таканаречени коридори по кои е замислено да се движи делегацијата на странските државници помеѓу состаноците.
Денеска демонстрантите планираат да ги спречат шефовите на државите да влезат во конгресниот центар и за таа цел распоредија големи бетонски блокови и метални шипки.
Демонстрантите тврдат дека Г20 не успеале да решат многу прашања кои му се закануваат на светскиот мир, вклучувајќи ги и климатските промени, се поголемата нееднаквост и насилни судири.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×