Само 5% од врвните менаџерски позиции во светот ги држат претставничките на понежниот пол
Објавено на од во луѓе и компании
Portrait of a female executive

Жените се сe уште помалку еднакви кога се во прашање менаџерските позиции!

Иако борбата за родова еднаквост бележи повеќе од век, сепак застапеноста на жените, особено на високите позиции во бизнис светот е на самите зачетоци. Предрасудата дека жената не може да биде одличен менаџер како посилниот пол- мажите, не само што се преточува преку се уште малиот број жени кои се поставени на високите позиции во компаниите, туку и преку нееднаквоста во платата – на иста позиција честопати нејзиниот колега маж зема повисока плата од жената. Дека работите, и покрај силниот активизам, се уште бавно се менуваат, зборуваат и светските статистики кои покажуваат дека само 5% од врвните менаџери на светско ниво ги држат жени

 

Со прашањето „Зошто јас заработувам помалку од моите машки колеги?“ холивудската актерка Џенифер Лоренс (Jennifer Lawrence), на сите нам најдобро позната од серијалот „Игра на гладните“ (Hunger Games) целосно го привлече вниманието на Холивуд – местото каде „цвета“ најдобриот бизнис за забава и филмска индустрија – токму поради тоа што по прв пат, некој во овој „луксузен свет“ ја адресираше родовата нееднаквост која постои таму.

Но Холивуд не е единственото место каде родовата нееднаквост постои. Иако, светската бизнис пракса покажува дека жените можат да бидат многу подобри организатори, покреативни и поголеми перфекционисти од мажите, а многу често и нивната лојалност кон фирмите за кои што работат е поголема во однос на нивните машки колеги, сепак, статистиките покажуваат дека едвај 5% од врвните менаџерски позиции во глобалната економија ги држат жени.

Најновата анализа на угледниот магазин Forbes пак покажува дека само 20 извршни директори од 500-те најдобри компании во светот, рангирани оdStandard &Poor’s (S&P), се жени.

Според истата, овие 20 жени заедно заработуваат вкупно 363,2 милиони долари на годишно ниво, што значи дека нивната годишна плата во просек изнесува 14,8 милиони долари.

Чисто за споредба, друга студија на Equailar/Аssociated Press, пак покажува дека средната плата на годишно ниво на 350 извршни директори од 500-те компании на S&P за 2014 изнесува 10.6 милиони долари. Ова само покажува дека 5 од овие 20 жени на позицијата извршни директори земаат плата пониска од средната плата (10.6 милиони долари) утврдена во студијата, што пак упатува на тоа дека нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените, се уште останува горчлив проблем во трката за родова еднаквост.

Најплатената жена на позиција извршен директор е Сафра Кац (Safra Katz) од Oracle, која на годишно ниво заработува 53.2 милиони долари. Најниска плата пак, на годишно ниво, зема Лорали Мартин (Lauralee Martin) извршен директор на HCP Inc на која и билe исплатени 6.9 милиони долари во 2015 година.

Истата анализа покажува дека во овие 500 компании, жените се добро претставени, но отсуства нивно поголемо учество во повисоките ешалони од компаниите. Жените претставуваат 45% од работната сила во овие компании, 39% се на позиции кои се дел од среден менаџмент, а само 25% од нив се на високи извршни позиции. Најмал е бројот на жените (19%) кои се дел од бродовите на компаниите.

Меѓутоа, статистичките истражувања покажуваат дека, поставување на жени на раководни функции не треба да се прави само поради задоволување на светските трендови кои промовираат родова еднаквост, туку и дека жените навистина можат да бидат успешни колку и мажите, а во одредени моменти тие можат да придонесат и за подобри резултати на компанија, особено кога станува збор за профит.

Имено, истражувачите од Петерсон Институтот за Меѓународна економија, преку испитување 21,980 јавни компании ширум светот добиле резултат дека компаниите каде жените пополнуваат 30% од лидерските позиции имаат 6% повисок нето профит.

Оттука од овој Институт заклучуваат дека не е доволно да имате само една жена на висока лидерска позиција, туку да ги негувате и поддржувате развојот на жените во кариерата.

„Не е толку важно дали имате жена како извршен директор. Она што се чини поважно е да имате извор на поголем број квалификувани жени кандидати за овие позиции“, вели Маркус Ноланд, директор на Институтот Петерсон.

 Разбивање на митовите

Консултантската куќа KPMG UK во соработка со YSC – глобална фирма на бизнис психолози и 30% Club – британската компанија промотор на родова еднаквост во менаџерските структури на компаниите, направија опсежно истражување во 2014 година за тоа кои се најчестите предрасуди и заблуди во врска со лидерската улога на жените во компаниите низ светот. Ви ги претставуваме 10-те најголеми митови на оваа тема, каква е всушност реалноста и препораки што треба да се направи за да светскиот бизнис добие повеќе жени на менаџерски позиции.

Мит 1: Жените немаат аспирации за лидерски улоги

Реалност: Како напредува нивната кариера, така и жените стануваат поамбициозни за лидерскитe позиции

Што да се направи: Не ги отпишувајте жените од список за лидерски позиции. Нивната амбиција расте напоредно со нивното искуство

Мит 2: Жените не остануваат во компанијата за да стигнат до врвот

Реалност: На менаџерските нивоа, жените многу почесто остануваат во компанијата и ги пропуштаат унапредувањата кои доаѓаат однадвор

Што да се направи: Покажете дека ја поддржувате жената менаџер и дека го поддржувате нејзиниот прогрес.

Мит 3: Грижата за деца се кочница за жените да дојдат до врвот

Реалност: Децата им ја забавуваат кариерата само маргинално. Посериозните јазови во унапредувањето настануваат многу порано (пред жените да станат мајки н.з.)

Што да се направи: Создадете еднакви можности за наградување на кариерата и за мажите и за жените уште во раните фази од нивната кариера. Следете ја индивидуално кариерата на секој од нив ефикасно.

Мит 4: Жените не стигнуваат до врвните позиции поради недостаток на самодоверба.

Реалност: Жените јасно знаат кои се нивните можности и се внимателни да не се „продаваат“ повеќе од тоа што навистина сѐ.

Што да се направи: Не ја заменувајте балансираната самопромоција на жените со недостаток на самодоверба

Мит 5: Жените ги немаат лидерските квалитети за да бидат на врвот

Реалност: Однесувањето на мажите и жените лидери кај мнозинството лидери, без разлика на полот, е исто

Што да се направи: Проверете дали можеби некои маргинални разлики во лидерското однесување треба да се зајакнат

Мит 6: Жените немаат доволно контакти што ќе им ги отворат вратите до врвот

Реалност: Жените преферираат формални отколку неформални контакти кога бараат поддршка

Што да се направи: Охрабрете ги лидерите од топ менаџментот да ги споделуваат своите професионални контакти со своите колешки

Мит 7: Жените на високи позиции забораваат како стигнале до врвот

Реалност: Жените активно им помагаат на другите жени да им се придружат на врвот

Што да се направи: Направете топ менаџментот кај двата пола, да биде одговорен за поддржување на прогресот на жените во кариерата

Мит 8: Жените не можат да ги следат високо потенцијалните програми

Реалност: Жените не ги гледаат програмите за развој како врвен стимулатор за успех во кариерата

Што да се направи: Кога сте во можност, инвестирајте во развој на активности кои се адаптирани за индивидуален развој. Следете го и мерете го повратот од оваа инвестиција

Мит 9: Формална и флексибилна работна околина го олеснува патот на жената до врвот

Реалност: Неформални и индивидуални состаноци кои се прават директно со нивните менаџери се она што жените го ценат

Што да се направи: Инвестирајте во подобрување на квалитетот на линиските менаџерски вештини

Мит 10: Бизнис клаузулата за родова диверзификација функционира

Реалност: Личниот напредок е многу помоќен мотиватор за промена и за родова диверзификација

Што да се направи: Раскажете лични приказни за тоа зошто родовата диферзификација е значајна за одредени индивидуалци

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×