Само 65,6 % парите за капитални инвестиции се потрошени во 2018 година
Објавено на од во Економија

Од Министерството оваа година очекуваат засилена реализација на капиталните проекти во Буџетот,  со оглед на тоа што пречките за нивната реализација беа надминати во 2018.

ministervo-za-finansii-1

Првичните планови на Владата беа дека ќе потроши речиси 400 милиони евра, но токму фактот што не можеше да се реализира ниту една третина од проектите беше причина владата да го вклучи алармот и да направи ребаланс, со што сумата ја скрати на 300 милиони евра.

Конечните податоци покажуваат дека од ланскиот буџет за проекти од инфраструктурата, како патишта, железница, водоводи, канализации, брани, системи за наводнување и училишта биле потрошени 197 милиони евра што е најниска сума во последните 10 години, односно дека 2018 е најлошата година за капиталните инвестиции.

Од Министерството за финансии велат дека се задоволни од бројките, и дека на приходната страна имаме одлични остварувања кои целосно се поклопуваат со нашите проекции, што,  како што велат од Министерството,, покажува дека Министерството за финансии прави кредибилни проекции.Дефицитот е помал од проектираниот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×