Само четвртина од информатичките директори се подготвени да се справат со сајбер напад
Објавено на од во ЛИДЕРСТВО

Нешто помалку од четвртина од информатичките директори (Chief Information Officer) во компаниите ширум светот се чувствуваат подготвени да се справат со сајбер напад, а најголемите хакерски напади и понатаму доаѓаат одвнатре од компанијата, покажува најновото, 18-то по ред истражување на Harvey Nash и консултантската куќа KMPG, што воедно е и најголемото глобално ИТ истражување меѓу овие директорите во светот, со вкупно 3.400 анкетирани директори во преку 82 земји.

Притоа, само 36% од анектираните информатички директори одговориле дека веќе имаат развиено јасна дигитална визија и стратегија и покрај тоа што дури 58% од нив сметаат дека нивната компанија има ваква стратегија.

Hacker typing on a laptop

Истото истражување покажува дека со четвртата индустриска револуција, информатичките директори стануваат бизнис лидери, стратези на технологии и иноватори на бизни модели.

„Информатичкиот директор никогаш порано не бил вака релевантен и влијателен. Компаниите веќе гледаат дека улогата на овие директори значајно се менува од „само спроведувачи на технологии“ во „агенти на промени“ за компанијата. Креативниот информатички директори веќе може да излезе од сенката и да ги води промените“, вели Џонатан Мичел, неизвршен директор во Harvey Nash.

Сепак, и покрај ваквото значење што го добиваат овие директори, само 38% од нив успеваат да добијат средства од компаниите за да инвестираат во иновации.

Податоците од истражувањето исто така покажуваат дека „клаудот“ не е веќе единствен избор на овие директори, и дека поголемиот дел од нив планираат да направат значајни инвестиции во инфраструктурата, платформата и софтверот кои ќе ги користат како сервис во следните три години.

За разлика од „калудот“  големите бази на податоци (Big Data) продолжуваат да бидат приоритет меѓу нив. Меѓутоа, 39% од испитаните директори за технологија одговориле дека се соочуваат со недостаток на вештини во оваа област.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×