Само четвртина од парите за капитални објекти се досега инвестирани
Објавено на од во Економија

k31Продолжува слаба инвестициска активност на државата

За осум месеци Владата и нејзините институции инвестирале само 91 милиони евра во изградба на капитални објекти и тоа е помалку од четвртина од планираната ставка во централниот буџет, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии.


За осум месеци Владата и нејзините институции инвестирале само 91 милиони евра во изградба на капитални објекти и тоа е помалку од четвртина од планираната ставка во централниот буџет, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии. Слабата реализација на предвидените капитални инвестиции од страна на државата е една од главните причини и за послабиот економски раст годинава, а неискористувањето на парите за оваа намена повторно го отвори и прашањето за нивна прераспределба односно ребаланс на буџетот.

Премиерот Зоран Заев најави дека до крајот на неделава ќе има состаноци со министрите од економскиот ресор за да одлучат дали ќе има ребаланс на буџетот.

Тој се уште верува дека реализацијата на капиталните инвестиции до крајот на годината може значително да се подобри.

„Капиталните инвестиции се многу важни за развојот на економијата и целиот економски тим во Владата е фокусиран да се реализираат предвидените пари за овие проекти. Имавме технички проблеми кај поголем дел од капиталните проекти коишто сега веќе се надминати, се обидуваме да влијаеме и на административниот капацитет за нивна реализација преку постојано укажување на проект менаџерите и мислам дека ќе ги оствариме зацртаните планови. Ако имаме позитивни придвижувања и во евро интеграциските процеси, мислам дека дури и ќе ја надминеме проекцијата за економски раст од 3,2%“, истакна неодамна Заев.

Во однос на интензитетот на реализација на капиталните инвестиции, министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека се очекува зголемување на инвестициската активност на државата.

„Наследивме бројни проблеми во проектите како несоодветни проектни документации и слично, но се одлучивме да не одиме по лесниот пат и да градиме фасади и споменици туку да инвестираме во тоа што ќе донесе добро за економијата. Правиме притисок на сите институции и веруваме дека во втората половина на годината ќе имаме значајни подобрувања. Да потсетам дека минатата година остваривме рекордно ниво на реализација на капитални инвестиции токму во последниот квартал од годината“, изјави Тевдовски.

Најголем оптимист меѓу министрите е за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој изјави дека до крајот на годината неговиот ресор ќе успее да реализира дури 95% од капиталните инвестиции. За Сугарески најголем проблем е гасоводот на Водно, кој поради протестите е стопиран.

Лошата статистика во градежништвото и понатаму продолжува. По 40% пад во првиот квартал, овој сектор сега бележи намалување за речиси 13% во второто тромесечје. Сите се согласни дека слабата реализација на капиталните инвестиции и понатаму ја влечат економијата надолу.

Имајќи ги предвид овие податоци, Меѓународните финансиски институции како што се Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка ги намалија прогнозите за економскиот раст годинава.

Прво Светска банка објавувајќи го Редовниот економски извештај во април годинава, обелодени дека ја ревидира проекцијата за економскиот раст од 3,2% на 2,3%. ММФ во својот Годишен извештај за економските изгледи што го објавува за време на Пролетните средби во Вашингтон, исто така ја ревидираше прогнозата за растот од 3,2% на 2,8%.

Експертите коментираат дека најреално што може да се очекува е капиталните инвестиции да се реализираат околу 40% од предвиденото. Имајќи предвид дека резултатите од економскиот план за поттикнување на инвестициите ќе можат да се почувствуваат дури следната година, економистите се сомневаат дека без поголеми капитални инвестиции ќе може да се постигне планираниот раст од 3,2% за годинава.

“Не очекувам дека растот од 3,2% е остварлив во вакви околности, меѓутоа дали ќе биде 3,2% или 2,2% воопшто и не е важно. Важно е тој раст да го следи отворање нови и поплатени работни места”, истакна професорот Марјан Петрески, потенцирајќи дека фокусот и понатаму би требало да биде на генерирање поквалитетни и поплатени работни места, што како процес неминовно ќе мора да биде поддржан од Владата.

Најавите од власта се дека до крајот на годинава ќе се засили реализацијата на капиталните инвестиции и клучните капитални проекти, што би можело да резултира со натпросечно висок раст во последните три месеци годинава. Од Владата се уверени дека ќе се оствари планираниот раст од 3,2% за годинава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×