Само две компании јавно ги објавуваат директорските плати
Објавено на од во Економија

За 2013 година само две компании што котираат на Македонската берза – Прилепска пиварница и Макпетрол –  јавно објавуваат колку заработуваат нивните главни менаџери и останатите членови на управата.

Во Македонија платите на оние што ги водат компаниите се чуваат како најстрога деловна тајна. Дури и акционерските друштва кои што според Законот за трговски друштва во годишниот извештај за работењето треба да известат за примањата на топ менаџментот (види рамка, н.з.), ја избегнуваат таа обврска. Платите на раководството ги објавуваат во ставката расходи, односно во трошоци за вработени, каде што е ставена вкупната сума што компанијата ја одвојува за плати и надоместоци, или пак некои друштва објавуваат вкупна сума за примањата на членовите на управниот и надзорниот одбор (УО и НО) за една година.

Минатата недела напишавме дека околу 50.000 евра на годишно нивово бруто износ е просечната плата на компаниските шефови во Македонија, вклучително и бонусот, кој што во просек учествува со 20% во оваа сума. Ова се неофицијални податоци базирани врз искуството што аналитичарите од Pedersen &Partners, светска консултантска компанија, го имаат истражувајќи го македонскиот пазар. Тие прават и официјални извештаи за платите на главните директори на светско ниво, кои што ги објавуваат секоја година, но Македонија с$ уште ја нема во нивните табели. Ги прашавме зошто не се опфатени и македонските менаџерски плати во нивните анализи, ни рекоа дека истражувањата на оваа тема во земјава одат малку потешко во споредба со другите пазари. Пред с$ заради високото ниво на доверливост во компаниитеоколу овие податоци, односно нивната затвореност по тоа прашање, која што е поизразена одошто во други земји, како и малиот пазар.

Само две компании јавно објавуваат колку заработуваат нивните директори

Aкционерските друштва кои што објавуваат примања на секој член на одборот на директори и УО, како и НО, се бројат на прстите од една рака. Од компаниите што доставуваат годишни извештаи до Македонската берза, само Прилепска пиварница, по име и презиме, има објавено колку заработиле нејзините клучни менаџери, односно членовите на УО и НО.  Така, на пример, во извештајот се гледа дека претседателот на УО на Прилепска пиварница, Кирил Самарџиоски, во 2013 година заработил 138.000 евра на име плата и надоместоци во бруто износ, додека генералниот директор на фирмата и член на УО, Сашко Самарџиоски бил платен со 42.850 евра.

Минатата година во јуни, Макпетрол во својот извештај на Управниот одбор за работењето на компанијата објави информација за вкупните примања на своето раководство за 2012 година, која што крена голема прашина во јавноста, откако се виде дека Андреја Јосифовски, генералниот менаџер и претседател на УО, заработил вкупно 420 илјади евра, од кои што само шестгодишниот бонус за лојалност изнесуваше 282 илјади евра. За 2013 година исто така беше објавен извештај , според кој Андреја Јосифовски заработил на име плати и надоместоци вкупно 139 илјади евра, слично како и во 2012. Останатите членови на УО и топ менаџери заработуваат многу помалку од првиот човек на компанијата, односно од 40 илјади евра, па с$ до 15.000 евра годишно.

Други акционерски друштва што објавуваат податоци кој директор колку заработил во текот на годината, на сајтот на Македонска берза не најдовме.

Акционерите треба да реагираат

До неколку поголеми домашни акционерски друштва испративме прашање зошто не ги објавуваат платите на своите топ менаџери и надоместоците на членови на надзорните одбори, за секој поединечно. Од сите добивме одговор дека законската обврска за известување ја исполнуваат со тоа што ја објавуваат вкупната сума на издвоените пари за плати и надоместоци на раководството, иако Законот за трговски друштва вели дека треба да се објават и  примањата на секој член на одборот на директори и члена на УО, како и на членовите на НО. Фирмите велат дека платите на секој директор поединечно се деловна тајна на компанијата.

Правниците кои што ги консултиравме околу ова, велат дека доколку не е предвидена казнена одредба во законот за необјавување на податоците за плати и надоместоци, а во случајов не е, тогаш практично и нема санкција за оние компании што така се однесуваат.

Од Комисијата за хартии од вредност ни рекоа дека на годишните акционерски собрание, акционерите на македонските компании имаат право да побараат информација за платите на луѓето што ги водат фирмите каде што тие решиле да ги вложат своите пари.

“Меѓутоа, кај нас досега не стигнала поплака од некој акционер на оваа тема. Доколку стигне, ние би можеле да интервенираме “, велат во КХВ.

А, за тоа зошто и колку акционерите на годишните собрание бараат или не бараат јавно објавување на платите на топ менаџментот, мислење побаравме од универзитетскиот професор Горан Коевски, експерт за корпоративно управување.

Тој вели дека од поставеноста на акционерската структура во друштвата зависи дали воопшто акционерите ќе реагираат на годишните собранија за било која ставка што е наведена во извештајот за компаниското работење.

“Ако сте акционер што е вработен во компанијата, или поранешен акционер па сега вашето дете работи во фирмата, зошто би си правеле проблем  прашувајќи работи  кои што раководството не сака да ги открива. Во добар дел акционерски друштва, менаџментот, дури и да не поседува  значителен дел од акционерскиот капитал, го контролира потребниот број гласови за да може секој годишен извештај мазно да помине на собранието“, вели Коевски. Според него, КХВ треба да инсистира од компаниите во годишните извештаи да ги наведуваат сите податоци што се пропишани во Законот за трговски друштва.

  •  Утре: Колку заработуваат балканските и светските топ менаџери

One thought on “Само две компании јавно ги објавуваат директорските плати

  1. Kazete VE MOLAM kade na zemjinava topka menagerite na edna firma kakva sto e Makpetrol dobivaat takvi plati i bonusi a pokazuvaat vece 5 godini zaguba ii firmata ja dovedoa do kolapaps kade se akcioneriite da gi smenat ovie menageri?!!!! Osvestete se site dodeka ne e docna dodeka cel kapital ne se prelee vo nivnata firma Oilko!!!!

Напиши одговор на mira Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×