Samsung го претстави Galaxy Note8 во Скопје
Објавено на од во hi-tech & business

Нов напреден процесор, 6 GB RAM, дуална камера, напредно S пенкало…се дел од новитетите за бизнис смартфонот Note8. Уредот ќе биде достапен за македонските корисници веќе од 15 септември. 

IMG_20170913_123810

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Бескраен екран, Ѕ пенкало, дуална камера, Bixby аудио и визуелна функција.. се само дел од погодностите што ги нуди новиот смартфон Galaxy Note8 што денеска Samsung го претстави пред новинарите и вљубениците во технологијата во Скопје.

Како што изјави регионалниот директор на Samsung, Милан Вујовиќ, “тие се  бренд што ги слуша своите потрошувачи и ги исполнуваме нивните желби и потреби.“

“Преку 75% од корисниците на Galaxy Note изјавиле дека тоа е најдобриот смартфон што го користеле во животот. Затоа и сега ние си зададовме задача да не ги разочараме и да го понудиме нешто најдобро досега од технологија и перформанси“, рече Вујовиќ.

А, Note8 навистина пружа изобилство од технологија, почнувајќи од , сега, зголемената RAM меморија од 6 GB, напреден процесор (10 nm AP), 64 GB вградена меморија плус можност од 256 GB со micro SD картичка, дуална главна камера од 12 МР со Live Focus функција за контрола на длабочината на полињата и предна 8 MP камера за живописни селфија.

photo-0-1503996549123

 

 

 

 

 

 

 

 

Потоа, тука е S пенкалото, што само по себе не е новитет кај Galaxy Note уредите, но овој пат унапредено со опциите: белешка на исклучен екран (може да ги запишете идеите штом ќе ви се појави инспирација без отклучување на телефонот); Live Message (може да напишете порака со рака со помош на пенкалото и да креирате интересни анимирани GIF содржини); Превод (во ист момент може да преведувате онлајн текст и да конвертирате мерни единици и валути со држење на Ѕ пенкалото над содржината на екранот) и други погодности.

Note доаѓа и со бескрајниот екран, којшто веќе го видовме кај Galaxy S8  и којшто овозможува 18,5: 9 однос помеѓу ширината и висината, како и спарување на апликациите за истовремено завршување на повеќе задачи преку поделениот екран.

Дополнителни погодности се скенерот на око, скенерот на отпечаток од прст и функцијата Препознавање на лице, IP 68 сертификација за отпорност на прашина и вода, заштитено од потопување ви листа вода на длабочина до 1,5 метар 30 минути, AKG слушалки, итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×